
Русија уништи голем енергетски објект во украинскиот град Харкив.
Русија ја нападнала електроенергетската мрежа и други енергетски постројки. Истовременоја продолжи офанзивата во Украина, во период кога се соочува со притисок од САД да обезбеди мир. Терехов, кој се огласи преку апликацијата Телеграм, не прецизираше за каков објект станува збор, но истакна дека итните служби работат на терен 24 часа на ден.
Харкив, кој се наоѓа на само 25 километри од руската граница, редовно е цел на напади со дронови, ракети и наведувани бомби во војната која следниот месец влегува во својата петта година. Регионалниот гувернер Олех Синехубов изјави дека властите сè уште се обидуваат да го проценат обемот на штетата предизвикана од нападот.
