Skip to main content
Економија

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница

08/01/2026  12:01

Во периодот на новогодишни и божиќни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, Рудник САСА, самостојно и преку својата Фондација, реализираше повеќе активности со цел да им донесе празнична радост и конкретна поддршка на своите вработени и на пошироката локална заедница во Македонска Каменица.

Посебно внимание, како и секоја година, беше посветено и на најмладите. Фондацијата на Рудник САСА обезбеди 160 новогодишни пакетчиња за децата кои ја посетуваат детската градинка „Бамби“, како и 431 пакетче за учениците во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Пакетчињата содржат производи на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, чиј производствен погон пред неколку месеци беше зафатен од пожар, во знак на солидарност и поддршка за закрепнување на компанијата по овој настан.

Продолжувајќи ја воспоставената празнична традиција на благодарност и почит, Рудник САСА обезбеди и подарок и свечена вечера за членовите на дежурните тимови во службите за итна медицинска помош, противпожарната единица, полицијата, како и за вработените во САСА кои работеа на новогодишната ноќ.Покрај активностите насочени кон локалната заедница, на сите вработени во САСА им беше исплатен празничен паричен надоместок, како и пригoден новогодишен подарок, како израз на благодарност за нивната посветеност, одговорност и професионален ангажман во текот на целата година.

„Овие активности се дел од традицијата што Рудник САСА со години ја негува како одговорен член на заедницата. И покрај предизвиците со кои се соочувавме во текот на годината, рудникот изнајде сили и можности да продолжи да вложува во луѓето, во нашите вработени и во заедницата во која живееме и работиме. Веруваме дека токму во празничните денови солидарноста и грижата имаат посебно значење“, велат од менаџментот на Рудник САСА, честитајќи им ги празниците на сите вработени и членови на заедницата со желби за добро здравје, успех и среќа.

Со овие традиционални празнични активности, Рудник САСА и неговата Фондација уште еднаш ја потврдуваат својата долгорочна посветеност кон благосостојбата на вработените и кон поддршката на локалната заедница.

ПР текст