Skip to main content
Спорт

Роналдо кандидат за нов претседател на Бразилската фудбалска федерација

17/12/2024  12:08

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо ја објави својата кандидатура за функцијата претседател на Фудбалската федерација на својата земја (ЦБФ).

– Имам стотици мотиви, но најважниот е да се врати почитта кон бразилскиот фудбал на светско ниво. Најчесто луѓето ме запираат на улица и бараат од мене да ја продолжам кариерата, бидејќи ситуацијата во репрезентацијата сега не е најдобра, и на теренот и надвор од него, ги цитира зборовите на Роналдо „Глобо“.

Изборите за нов претседател на „CBF“ се очекува да се одржат најдоцна до март 2026 година. Сегашен прв човек на федерацијата е Едналдо Родригез.

Роналдо како дел од бразилската репрезентација стана светски шампион во 1994 и 2002 година. Тој е исто така двократен победник на Купот на Америка (1997, 1999) и двократен освојувач на Златната топка.

Една од првите заложби на Роналдо доколку стане претседател на ЦБФ ќе биде да го донесе Гвардиола за селектор на „кариоките“.