Skip to main content
Спорт

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

14/02/2025  11:39

Специјализираната веб-страница „Спортико“ ја објави листата на 100 најплатени спортисти во светот.

На листата иам спортисти од осум спортови, 27 земји, кои заедно инкасираа 6,2 милијарди долари во 2024 година.

Ниту една спортистка не е во топ 100, а најмногу кај дамите заработила тенисерката Коко Гоф, 30,4 милиони долари.

Листата ја предводи фудбалерот Кристијано Роналдо (260 милиони), а потоа следат кошаркарот Стеф Кари (153,8), боксерот Тајсон Фјури (147), фудбалерот Лионел Меси (135) и кошаркарот Леброн Џејмс (133,2).

Во топ 10 се и фудбалерот Нејмар (133), боксерот Олександр Усик (122), фудбалерите Карим Бензема (116) и Килијан Мбапе (110) и голферот Џон Рам (105,8).

Од тенисерите на листата се само Јаник Синер кој е 43-ти со 52,3 милиони и Карлос Алкараз кој е 87-ми со заработени 40,4 милиони долари.