Skip to main content
Свет

Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Боложан

05/05/2026  14:32

Парламентот на Романија денеска ѝ изгласа недоверба на владата предводена од Илија Боложан по иницијатива на претставниците на Социјалдемократската партија (ПСД), Алијансата за обединување на Романците (АУР) и ПАЦЕ – Романија на прво место – пренесоа романските медиуми.

Вкупно 281 пратеник гласаа за предлогот, четворица пратеници беа против, а три гласа беа неважечки, објавува „Аџерпрес“.

Предлогот за гласање недоверба, со наслов „СТОП на планот на Боложан“ за уништување на економијата, осиромашување на населението и нелегална продажба на државен имот“, го потпишаа 254 пратеници.