Skip to main content
Магазин

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

22/07/2026  14:46

Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин денеска, по неколкугодишно реновирање, ќе се отвори како полициски центар. Како што е познато, потегот треба да спречи зградата на границата со германската покраина Баварија да биде собиралиште на неонацисти, како во минатото.

Родното место на Хитлер постојано привлекуваше крајно-десничарски елементи. Куќата каде што првично живеел Хитлер (роден 20 април 1889 година), долго време била во приватна сопственост. Во 2017 година, зградата била експроприрана по правен спор. Стручна комисија потоа ја отфрли можноста за уривање или пренамена во музеј, препорачувајќи редизајн што би ја направил зградата што е можно потешко да се препознае.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер објасни дека со ова, државата сака да спречи тоа да биде во „поклоничко место“ за неонацистите.

Државата, исто така, ја смета новата употреба како полициска станица за поволна, бидејќи сомнителните лица можат веднаш да се проверат на самото место.

Реновирањето чинеше околу 20 милиони евра. Според плановите, службеници од командата на окружната полиција и локалниот полициски инспекторат ќе бидат сместени во комплексот, којшто вклучува помошни згради и двор.

Историјата потсетува дека Хитлер ја почна Втората светска војна, во којашто загинаа најмалку 60 милиони луѓе. Во Холокаустот беа убиени и околу шест милиони Евреи – мажи, жени и деца.