Skip to main content
Македонија

Родителите на починатите во “Пулс” ја одбија средбата со премиерот Мицкоски

10/05/2025  09:17

Семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.

“Во врска со телефонската покана од Кабинетот на Премиерот Христијан Мицковски за
остварување средба со нас, родителите на трагично починатите деца во дискотеката
„Пулс“, закажана за 13 мај 2025 година во 15:00 часот во Скопје, Ве информираме дека
поканата не ја прифаќаме поради нејзиното доцнење.

Истовремено, Ве известуваме дека Премиерот беше поканет од сите родители на
починатите деца да дојде во Кочани и таму да се организира средбата, во форма и
содржина каква што сметаат за соодветна. Со оглед на тоа дека дел од родителите не се
во можност да патуваат поради последиците од трагедијата што се случи на 16 март 2025
година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сметавме дека предлогот за средба во Кочани е
разумен и оправдан.

Воедно, сакаме да истакнеме дека ставовите во ова соопштение ги изразуваат
мнозинството од родителите, но не претендираме да говориме во име на секој
поединечно.

Дополнително, ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да изразат поддршка да
присуствуваат на „Маршот на ангелите“, кој ќе се одржи на 10 мај 2025 година (сабота), со
почеток во 16:05 часот.

Ова известување го доставуваме до медиумите со цел да ја информираме јавноста за
нашата заедничка одлука и став.

Со почит,
Родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“ – Кочан”, стои во соопштението.