Skip to main content
Спорт

РК Охрид вечерва го игра првиот дуел од финалето во ЕХФ Европскиот куп

24/05/2026  13:02

Екипата на РК Охрид вечерва на гостински терен ќе играа против Татабања од Унгарија, во првиот меч од финалето во ЕХФ европскиот куп.

„Нѐ очекува тежок натпревар. Влогот е голем, се работи за титула во Европа. Според мене, играме против една одлична екипа и мислам дека во финалето нема фаворит и трофејот ќе го крене тој што ќе има поголема желба. Ќе се обидеме да одиграме што е можно подобро и со добар резултат да се вратиме пред реваншот во Охрид“, рече еден од оние кои треба да бидат лидери во екипата, Дарко Ѓукиќ.

Натпреварот започнува во 17.00 часот а реванш мечот ќе се игра на 31 мај во Охрид.