
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Д.(47) и Н.Д.(51), двајцата од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов”.
При контрола извршена на 20.05.2026, полициски службеници ги затекнале пријавените како со забранети средства – мрежи за подводен риболов т.е. со поставување на рибарска мрежа во должина од околу 30 триесет метри во дебарското езеро, вршеле незаконит риболов. Мрежите и незаконски уловената риба беа одземени.


