Skip to main content
Спорт

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

20/12/2025  22:04

На денешниот, седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, објави Македонската ракометна федерација.

Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро.

Нашата земја досега имаше статус на придружна членка.

Наредната година во февруари, на Медитерански шампионат во Приштина ќе играат пионерките, а ист ќе биде случај и со кадетите во април во Словачка.

Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.