Skip to main content
Македонија

МетеоАларм најава за студен и влажен бран кој носи дождови и снегови

21/12/2025  08:12

Метео анализа на Славчо Попоски:

И во Скопје  и околината од вторник навечер (23 декември) па во деновите потоа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 7/8 степени.