Skip to main content
Хроника

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

17/07/2026  15:09

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на ресенец од мечка.

Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н. И. (41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот, Н. И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница.