Skip to main content
Спорт

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

02/02/2026  10:42

Македонката Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо натпревар Фуџурија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. 

„Со оваа победа Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила, повторно истегна мускул и поради повреда мораше да ја предаде борбата.  Како и да е, ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранкинг листа. Мила фуриозно ја почнува оваа сезона со БРОНЗЕН медал на еден од најсилните турнири во Азија”, објаснува нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Тој изрази огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристевски кој во целост ги покрил сите финансиски трошоци за овој турнир за Фуџарија и следниот натпревар во Инсбрук, Австрија.