
Македонката Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо натпревар Фуџурија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати.
Поради добрата ранг позиција, Мила не се натпреваруваше во првото коло и ја чекаше подобрата противничка меѓу Кумари Аканша од Индија и Ју Јеук Чан од Хонг Конг. Во второто коло, Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди. Потоа, во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто така, со 2:0 во рунди.
„Со оваа победа Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила, повторно истегна мускул и поради повреда мораше да ја предаде борбата. Како и да е, ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранкинг листа. Мила фуриозно ја почнува оваа сезона со БРОНЗЕН медал на еден од најсилните турнири во Азија”, објаснува нејзиниот тренер Александар Ефтимов.
Тој изрази огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристевски кој во целост ги покрил сите финансиски трошоци за овој турнир за Фуџарија и следниот натпревар во Инсбрук, Австрија.

