
Прв Регионален саем за економски развој „Експо Илинден 2025“ ќе се одржува денеска и утре во спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Општината е генерален покровител, а Панекс Експо е организатор на саемот кој е фокусиран на промоција на економските можности на регионот.
-Целта на саемот е да се поврзат локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери за стимулирање на економскиот развој и создавање нови можности за раст. Во текот на овие два дена ќе се претстават компании од различни сектори, како што се од областа на индустријата, градежништвото, земјоделство, туризам, угостители и технологијата. Саемот ќе биде место за размена на идеи, контакти, искуства и проекти, токму она што му е потребно на современиот економски развој, соопшти Општина Илинден.
Програмата ќе има и забавен дел, вечерни активности со диџеј и музика.
-За посетители саемот ќе биде отворен во текот на овие два дена од 10 до 18 часот, а од 19 часот почнува забавната програма на паркингот веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден, информира општината.