За Бадник се приготвува посна вечера, а традиционално на трпезата треба да се најде и погача. Покрај ова посно бадниково лепче, на трпезата треба да има и суви сливи, суви смокви, овошје… Верувањето е дека колку повеќе различни плодови ставите на послужавник, толку поплодна ќе биде годината. Обичаите зависат од регионот во кој живеете, но она што е важно за секоја област е дека погачата се крши, не се сече.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Состојки:
– 700 г брашно
– 400 мл топла вода
– 1 рамна лажица сол
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 50 мл масло
Подготовка:
Во вода измешајте ги солта, прашокот за печиво и брашното (200 грама), а потоа додајте масло и убаво измешајте за да добиете изедначена, мазна смеса. Потоа додајте ја преостанатата количина брашно и замесете тесто. Тестото премачкајте го со масло (околу 2 лажици), покријте го и се оставете половина час да одмори. Извадете го тестото на набрашнета површина, а потоа развлечете го со раце за да направите погача (како поголема и потенка лепиња).
Округлата тепсија подмачкајте ја со масло и посипете ја со брашно, а потоа ставете ја погачата и повторно покријте ја, па оставете ја да отстои 20 минути. Премачкајте со масло, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Готовата погача премачкајте ја со вода, завиткајте ја во крпа и оставете ја до сервирање.