Skip to main content
Спорт

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити, Јувентус и Борусија Дортмунд ги добија првите натпревари од плејофот во Лигата на шампионите

12/02/2025  07:33

Спектакуларен натпревар одиграа синоќа Манчестер Сити и Реал Мадрид. 

„Граѓаните“ двапати водеа на „Етихад“, но европскиот првак дојде до пресврт во последните минути од натпреварот. 

Победи остварија и Јувентус и Борусија Дортмунд, како и Пари Сен Жермен во првиот дуел од 18 часот и 45 минути.

Резултати од првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите:

Брест (Франција) – Пари Сен Жермен (Франција) – 0:3
Јувентус (Италија) – ПСВ Ајндховен (Холандија) – 2:1
Манчестер Сити (Англија) – Реал Мадрид (Шпанија) – 2:3
Спортинг Лисабон (Португалија) – Борусија Дортмунд (Германија) – 0:3

Во среда:

Бриж (Белгија) – Аталанта (Италија)
Монако (Франција) – Бенфика (Португалија)
Феенорд (Холандија) – Милан (Италија)
Селтик (Шкотска) – Баерн Минхен (Германија)

*Реваншите се следната недела, на 19 и 20 февруари.