
Физичка пресметка меѓу три лица избувнала по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен на 2 јули 2026 година во СВР Скопје. Околу 15:30 часот, по расправија во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 30-годишната М.Ѓ. од една страна и 51-годишната А.Д. и 21-годишната С.Ј. од друга страна. Сите инволвирани се од Скопје.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
