Search

Ранет разбојник во престрелка со полицијата во Битола

Јавен обвинител во Битола изврши увид на местото каде што доцна синоќа во престрелка со полицијата беше повреден разбојник. При обид да се изврши претрес на куќата каде што разбојникот престојувал, осомничениот почнал да пука кон полицијата, која возвратила.

Во престрелката осомничениот се здобил со прострелни рани во пределот на нозете и е пренесен во Клиничката болница во Битола. Се наоѓа во стабилна здравствена состојба и над него ќе биде извршен оперативен зафат.

Претходно во продавница во Битола било извршено разбојништво, при што инспекторите од СВР Битола го известиле дежурниот јавен обвинител дека можниот сторител е скопјанец кој престојува кај својата девојка. Заради пронаоѓање предмети што се важни за кривичната постапка, била издадена наредба за претрес на домот и други простории на адресата на девојката.

Треба да знаете
Последни објави