Skip to main content
Балкан

Рама: Нема да поднесам оставка, договор имам со 800 илјади албански граѓани

26/07/2026  20:43

Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка.

Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите.

– Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х .

Вели тој нема „договор“ со демонстрантите, туку со приближно 800.000 албански граѓани, кои гласале за него и поради оваа причина нема намера да си замине.

Рама се врати и на метафората за „фламинга“, „врани“ и „гаврани“, притоа нагласувајќи дека го почитува правото на протест, но барањата за негова оставка не го менуваат мандатот што го добил од гласачите.

Социјалистите на Рама последователно се победници на изборите од 2013 година. Овој на Рама му е трет мандат како премиер, а го обезбеди на минатогодишните избори, кога од 140 освои 84 пратенички мандати.