Skip to main content
Балкан

Рама го посети поранешниот претседател на Косово во притвор

18/12/2025  20:23

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го посети поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, во Хаг. Тој е во притвор од ноември 2020 година, под обвинение за воени злосторства.

Во објава на социјалните мрежи, тој напиша дека го нашол во добра форма и спокоен, иако со апсурдни ограничувања на минималните права, оценувајќи го притворањето на Тачи и поранешните водачи на ОВК како „очигледна неправда во срцето на демократска Европа, со благослов и средства на даночните обврзници на демократските земји“.

„Тукушто ја напуштив зградата каде што се игра театарот на срамот на меѓународната правда со Хашим Тачи, кој беше киднапиран без судење и обвинение од канцеларијата на претседателот на Републиката, каде што го одведоа луѓето на Косово, и со Косовската ослободителна војна, која не може да се оскверни со фарса започната за трговија со органи од руските марионети на Путиновата Дума во Стразбур и продолжена со секакви апсурди и гротескни сведоци на меѓународното обвинение во Хаг, напиша Рама.

„Го најдов командантот во добра форма, смирен, спокоен и насмеан како секој невин со железен карактер, иако со апсурдни ограничувања на минималните права што му беа одземени во споредба со минатиот пат – срам сам по себе, со еден збор!“, додаде Рама.

Тој соопшти дека разговарале за семејствата, за заедничките пријатели, за Албанија и Косово, за книгата „Скендербег“ од Аурел Пласари, што му ја донесов претходно, за најновата книга на Кисинџер што му ја донел овој пат и за уште две или три книги од мноштвото негови читања во оваа земја, која Хашим со смеа ја нарекува „институтот“.