
Зборувајќи за урбанизмот во Скопје, професорот Мишко Ралев, во интервју за Рацин.мк посочи дека во главниот град одамна веќе не е по мерка на човекот и дека во Скопје сега се живее хаотично.
„Скопје беше едно време во мерка на човекот. Со сигурност можам да потврдам и јас сум современник, можеби сум бил и дете или тинејџер или студент, но како поминува времето, како се менува општеството, општествените сили да ги наречам коишто го моделираат градот и ги моделираат активностите, човекомерноста како да ја ставаме некаде ад-акта.
Сѐ повеќе технологијата и инфраструктурата почнува да владее со градот. Тоа не е само случај со Скопје. Тоа е случај со многу градови во светот да кажам.
Така што веќе тешко можеме да кажеме дека Скопје е човекомерен град, затоа што тој подразбира да биде хомоцентрикус, но не. Тој е сѐ друго, а центри има многу околу кои орбитираат некои други сили и друга моќ“ рече Ралев.
Ралев додава дека и од урбанистички и од хуман карактер гледано, живеењето во Скопје е стресно.
„Ние живееме еден навистина хаотичен живот. Ние цело време доживуваме стрес ако треба да тргнеме од Тафталиџе па да дојдеме до Аеродром. Ко еве да ја наречам таа некоја моја маршута од дома до работа. Треба да да мериме кога да тргнеме. И потоа што да што да правиме кога ќе стигнеме веќе таму? Тоа се некои секојдневни функции, но што станува со функциите за спорт, разонода, култура? Затоа велам, градот треба да се гледаат во една целина, во една хармонија“ заклучува професорот.