
Ракетата за тешки товари Њу Глен (New Glenn) на компанијата Блу Оринџ (Blue Origin) постави сателит во погрешна орбита за време на своето трето лансирање, соопшти вселенската компанија основана од Џеф Безос.
Компанијата изјави дека околностите сè уште се истражуваат.
„Во моментов правиме проценка и ќе ги ажурираме податоците кога ќе имаме подетални информации“, соопштија од Blue Origin.
Ракетата беше лансирана според планот од лансирната база Кејп Канаверал на Флорида, што е првпат претходно користен ракетен потисник повторно да биде употребен. Потисникот успешно слета на платформа во Атлантикот по одвојувањето.
Сепак, сателитот, наречен Blue Bird 7, е поставен во пониска орбита од предвидената, потврди AST SpaceMobile, производителот на сателитот.
New Glenn пристигна во вселената на својот прв лет во јануари 2025 година. Во својата втора мисија, околу 10 месеци подоцна, понесе во вселената два орбитери на НАСА за Марс.
Целта на Blue Origin е да го користи системот New Glenn за да се натпреварува со SpaceX на Илон Маск, кој моментално доминира на пазарот за комерцијални лансирања.

