Skip to main content
Спорт

Радовиш во знакот на борењето: Јубилејниот 50-ти „Македонски бисер“ ја обедини регионалната боречка елита 

01/06/2026  13:23

Радовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер”, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот.

Турнирот официјално го отвори министерот за спорт Борко Ристовски, со што беше означен почетокот на ден исполнет со врвни натпревари, спортски емоции и атмосфера достојна за голем јубилеј.

  • Во силна меѓународна конкуренција, трофејот „Македонски бисер” заслужено му припадна на Омер Мемеди, кој доминираше во категоријата до 92 килограми.
  • Признанието за најдобар домашен борец го доби репрезентативецот Расул Шапиев (74 кг), додека за најдобар странски борец беше прогласен молдавскиот репрезентативец Раду Лефтер (125 кг).
  • Публиката со особено внимание ги проследи настапите на Мехмет Усинов, Реџеп Хајдари и Илија Атанасов, кои со своите борби уште еднаш покажаа дека македонското борење има иднина.

Во текот на петте децении постоење, низ „Македонски бисер” продефилирале бројни европски, светски и олимписки медалисти, што дополнително го потврдува неговото место на мапата на најзначајните боречки турнири во Југоисточна Европа.