Skip to main content
Хроника

Работник загинал при нелегална сеча на дрвја

05/08/2026  13:18

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ангажирал работници без склучени договори за работа и неовластено исекол 107 стебла бука и три стебла габер, односно вкупно 31,9 кубни метри огревна дрвна маса.

За време на сечата, работникот Р.Д. (46) од Скопје бил удрен од дрво, по што им подлегнал на повредите во Општата болница во Струга.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, полициски службеници, претставници на Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за шумарство и Шумската полиција