
На 21.07.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т.(65) од Куманово.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција” додека извршувал работни задачи.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
