
Во телефонски разговор со папата Лав XIV, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина сака да го ескалира конфликтот и да врши саботажи на руска територија, соопшти Кремљ.

„Владимир Путин особено го привлече вниманието на фактот дека режимот во Киев се обложува на ескалација на конфликтот и врши саботажа против објекти на цивилна инфраструктура на руска територија“, се наведува во соопштението.
Се додава дека Путин истакнал дека „намерниот и целен напад врз цивили“ извршен од Украина е класифициран како терористички чин според меѓународното право.
Кремљ објави дека Путин го информирал папата за договорите постигнати на преговорите во Истанбул, вклучително и размена на воени заробеници.
Владимир Путин и папата Лав XIV денеска остварија свој прв телефонски разговор.
Во соопштението се вели дека Путин и папата Лав се согласиле дека Русија и Ватикан ќе ги зајакнат врските засновани на духовни вредности и ќе ја продлабочат соработката во заштитата на христијаните, особено на Блискиот Исток.