
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се дозволува експропријација на неискористени станбени имоти во деловите на Украина што се под руска окупација. Според законот, напуштените станови и куќи ќе се сметаат за сопственост на самопрогласената Доњецка Народна Република или нејзините општини.
Слични регулативи се предвидени и за регионите Луганск, Запорожје и Херсон, кои Русија ги анектираше, иако се барем делумно окупирани. Законот дозволува подоцнежна реприватизација, при што имотите може да им бидат доделени на лица кои ги загубиле своите домови или да се користат како службени резиденции.
Од почетокот на руската инвазија, милиони жители избегаа од источна Украина, а дел од нив остануваат раселени и потенцијално засегнати од новата регулатива, пренесе ДПА.
