Skip to main content
Свет

Путин потпиша мобилизација, повика најмногу луѓе во војска во последните 10 години

01/04/2025  07:22

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува регрутирање на 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, јавуваат агенциите.

Во армијата ќе бидат повикани 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години, што е за 10.000 повеќе од лани и најголем број регрути во последните десет години.

Путин и овој пат вети дека регрутите нема да бидат испратени на бојното поле. Но, имаше и претходни случаи на заробени и убивани регрути за време на „специјалната воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува својата тригодишна инвазија на Украина.