Skip to main content
Свет

Путин нареди евакуација на руските државјани од Блискиот Исток

04/03/2026  16:44

Министерството за вонредни ситуации и на Министерството за надворешни работи ќе ги евакуираат руските туристи од земјите од Блискиот Исток по наредба на Владимир Путин.

„Веќе им дадов соодветни инструкции на Министерството за вонредни ситуации, Министерството за надворешни работи и другите надлежни тела“, рече Путин за време на состанокот со членовите на владата.

Русија евакуира илјадници свои граѓани од земјите на Блискиот Исток со специјализирани авиони за итни случаи и десетици чартер летови поради конфликтот во Иран.