Skip to main content
Македонија

Пуцко Петрол демантира дека бил увозник и дистрибутер на мазут за ЕСМ

13/03/2025  19:17

,,Името на нашата компанија непотребно се споменува во целиот случај, претставувајќи го Пуцко Петрол како увозник на мазут и добавувач на мазут на ЕСМ, што категорично го демантираме”, велат од Пуцко Петрол.

Нападот врз Пуцко Петрол, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и семејството.
Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ.

Никогаш не сме увезуале Мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со илјадници приватни и државни институции, реализирајќи ги нивните барања во целост,
согласно законот, при што во моментот долгот на јавните установи према Пуцко Петрол надминува
една милијарда денари.

Пуцко Петрол не е дел од никаква постапка за мазут која се води за РКМ. Ги молиме медиумите да пласираат точни и проверени информации, затоа што со овие дезинформации се нарушува угледот и реномето на компанијата со што се прават и се до сега веќе направени штети од големи размери и се прави искривување на вистината и фактичката состојба.