Skip to main content
Спорт

ПСЖ поразен од Ботафого, Атлетико го победи Сиетл

20/06/2025  09:08

Фудбалерите на Ботафого синоќа во Пасадена триумфираа над европски првак ПСЖ со 1:0, во натпревар од второто коло од групата Б на Светското клупско првенство.

Победничкиот гол за бразилскиот тим го постигна Игор Жезус во 36 минута.

Во вториот натпревар од второто коло на Групата Б, Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1,

Пабло Бариос му донесе водство на Атлетико во 11 минута, а Аксел Витсел го зголеми водството во 47 минута. Единствениот гол за Сиетл го постигна Алберт Руснак во 50 минута, а пет минути подоцна Бариос го постави конечниот резултат со својот втор гол на натпреварот.

По две кола во Групата Б, Ботафого е прв на табелата со шест бодови, Пари Сен Жермен е втор со три бода, колку што собра и третопласираниот Атлетико Мадрид, додека Сиетл е на последното место без освоен бод.