Skip to main content
Свет

Први снимки од Аргентина по два силни земјотреси

02/05/2025  20:38

Два разорни земјотреси со јачина од 7,4 и 7,1 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во краток период во преминот Дрејк, соопшти ЕМСЦ.

MK Summit

Земјотреси се регистрирани во океанот, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот се наоѓа на 222 километри јужно од Ушуаја (56.825 жители) и 334 километри јужно од Рио Гранде (52.681 жители), Тиера дел Фуего, Аргентина.

На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа на кои се гледа како луѓето од крајбрежните области на Аргентина излегуваат на улиците и се подготвуваат за евакуација поради страв од цунами.

Се проценува дека 1.000 луѓе почувствувале умерен потрес, а околу 284.000 почувствувале слаб потрес.

Врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот, можни се опасни бранови од цунами на бреговите лоцирани на 300 километри од епицентарот на земјотресот, соопшти NWS PTWC.