
Соопштение за јавност на ДУИ:

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на 16 и 17 септември ќе престојува во посета на Јужен Тирол, каде што ќе оствари средби со институционални претставници и експерти.
Посетата се реализира во момент кога во Северна Македонија се доведуваат во прашање некои од клучните достигнувања на европскиот модел врз кој е изграденa стабилноста на земјата: јазичната еднаквост, правичната и соодветна застапеност, учеството во одлучувањето и заштитните механизми против мајоризација.
Јужен Тирол е автономна покраина во Италија и еден од најпознатите европски модели за управување со различностите, со јазична еднаквост, пропорционална застапеност, споделување на власта и посебни заштитни механизми за јазичните заедници.
За време на посетата, Османи одблизу ќе се запознае со практичното функционирање на овие гаранции и со искуството како силните институции за споделување на власта успеале историски конфликт да го претворат во долгорочна стабилност.
За Северна Македонија, ова искуство е особено релевантно во време кога треба да се заштити и зајакне архитектурата на Охридскиот мировен договор.

