Skip to main content
Спорт

Прва победа за Египет

22/06/2026  08:14

Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026.

Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство.

Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден освоен бод. Во последното коло од групната фаза на 27 јуни Египет ќе игра против Иран, додека Нов Зеланд ќе се соочи со Белгија .