Skip to main content
Балкан

Протести во Бугарија за смена на генералниот обвинител

21/01/2026  19:28

Преку протест граѓаните бараат оставка од вршителот на должност генералниот обвинител Борислав Сарафов. Протест се одржува во повеќе бугарски градови како Софија, Варна, Бургас, и Пловдив.

Протестите насловени „Операција: Безвреден“ се организирани од иницијативата Правда за сите, а им се приклучија и групата Студенти против мафијата.

Демонстрантите тврдат дека Сарафов ја узурпира функцијата генерален обвинител најмалку половина година со помош на Колеџот на обвинители на Врховниот судски совет и одлучува кој ќе биде обвинет, а кој ќе биде гонет.

Според нив, тој го блокира целиот судски систем.