
Силното партнерство меѓу САД и Македонија ги унапредува заедничките интереси, објавија поладнево од американската амбасада после прошталната средба на амбасадорката Ангела Агелер со премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
-За време на прошталната средба со премиерот Мицкоски, амбасадорката Агелер се осврна на продлабочувањето на односите меѓу САД и Македонија преку проширената соработка во областа на безбедноста и трговијата.
Таа изрази благодарност за силното партнерство кое придонесе за унапредување на интересите на двете држави.
