Skip to main content
Скопје

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

20/09/2025  20:08

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Како што информира МЖСПП, резултатите од мерењата спроведени вчера и денеска покажуваат дека просечната концентрација на честичките е 9.7 µg/m³, а максималната измерена вредност изнесува 28.2 µg/m³.

Вредноста во моментот на завршување на мерењето била 20.1 µg/m³.

-Според добиените податоци, просечните концентрации на PM10 честичките во наведениот период се во рамки на дозволените граници и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие вредности се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух. Мерењата се реализирани со автоматски систем, користејќи ја следната метода и опрема AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време мерење и евиденција на концентрации на PM10 честички, со светлосен сноп и циклон селектор со проток од 2 l/min. Инструмент: ES-642, METONE, USA – сертифициран за индикативен мониторинг согласно MCERTS стандардите од Обединетото Кралство, наведува Министерството.

МЖСПП напоменува дека контуинирано го следи квалитетот на воздухот, со цел навремено информирање и заштита на здравјето на населението.