
Просечната плата за месец јуни изнесува 48.381 денар, соопшти Државниот завид за статистика.
Тоа е за 1.163 денари помалку од мајската плата од 49.544 денари
Иако на годишно ниво платите пораснале за 6,4 проценти, падот од еден месец во друг е бројка што граѓаните најдиректно ја чувствуваат во домашниот буџет.
Зголемување на платите има во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 6.2 проценти и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9 проценти.

