Skip to main content
Хроника

Пронајдено тело на починат маж во стан во Струмица

15/02/2025  16:18

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на ул. „Братство Единство“ во Струмица бил пронајден починат Д.Ј.(73) од Струмица, соопштија денеска од полицијата.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.