Skip to main content
Хроника

Пронајдени седум мигранти во „хјундаи“ во близина на гевгелиско Мрзенци, приведен криумчарот

16/04/2025  10:21

На 15.04.2025 во 20.00 часот на земјен пат во близина на мостот на Серменинска река во с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје.

При контрола во возило „хјундаи”, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. Откако бил забележан од полициските службеници тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.