Skip to main content
Свет

Пронајдени над 11 илјади дијаманти на патник на аеродром во Германија

12/12/2025  19:14

Царинските службеници пронајдоа над 11.270 дијаманти во рачниот багаж на патник на аеродромот во Франкфурт, Германија.

Дијамантите биле скриени под лажно дно во торбата. Вредноста на суровите дијаманти мора да биде утврдена од експерт, пренесе ДПА.

Мажот (53) кој долетал од Ангола во Франкфурт, бил уапсен и притворен во истражен затвор. Тој не ги пријавил дијамантите при влезот како што е потребно, а исто така не можел да приложи ниту неопходен сертификат.