Skip to main content
Хроника

Пронајдена дрога во Скопје, приведен дилер 

16/02/2025  10:17

На 15.02.2025 во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, затоа кај него биле пронајдени и одземени околу половина килограм бела грутчеста материја и марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.