Skip to main content
Македонија

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините

28/03/2026  08:10

Од УХМР најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со ретки грмежи, се очекува денеска низ земјава, додека на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Информираат дека локално врнежите ќе бидат поинтензивни, со над 20 литри на метар квадратен, а на планините ќе врне снег, со што ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне 13 степени, атмосферскиот притисок ќе изнесува 964 хектопаскали, влажноста на воздухот ќе биде 70 проценти, а брзината на ветерот 4 метри во секунда.

Утре времето ќе остане променливо облачно со локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет и со услови за изолирана појава на ретки грмежи. На повисоките места ќе има мешани врнежи од дожд и снег, додека на планините ќе продолжат врнежите од снег.

Во Скопје и утре ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, проследени со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР.