Skip to main content
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време

23/04/2026  08:03

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од државата ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени. 

Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

-Утрата ќе бидат посвежи, a во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени, соопшти УХМР.