Skip to main content
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

20/04/2026  08:05

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на седмицава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. До среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.