Skip to main content
Македонија

ПРОЛЕТНО ТОПЛО ВРЕМЕ: Променливо со ветер и малку дожд во Македонија

17/04/2026  10:14

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес  и утре петок и сабота (17/18 април 2026) во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

И во Скопје  и околината денес  и утре петок и сабота (17/18 април 2026) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд.

Во недела пак на 19 април 2026 во Македонија времето ќе биде насекаде стабилно, суво и претежно сончево со мала до умерена локална облачност а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 13 степени а во Скопје  и околината температурата наутро ќе се спушти до околу 12 степени. Малку пониски минимални утрински температури на воздухот ќе имаме во недела кога тие ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени а во Скопје  и околината во недела наутро на 19 април 2026 температурата ќе се спушти до околу 6 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени а во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 21  и 24 степени. Малку пониски температури ќе имаме во недела на 19 април 2026 кога преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени  а во Скопје  и околината во недела на 19 април 2026 температурата преку денот ќе се искачи до околу 21 степен.

До крајот на денешниот ден петок 17 април 2026 во атмосферата сеуште ќе имаме поголемо присуство на Сахарска прашина  и на песок па токму поради ова  и атмосферата ќе ни биде заматена  и нечиста. Веќе од утре сабота 18 април 2026 овој облак од Сахарска прашина  и од песок ќе се повлекува кон југ и ќе ја напушта територијата на Македонија па веќе  и атмосферата ќе ни биде значително почиста.