Skip to main content
Хроника

Проектил пронајден под паркиран автомобил во Тетово

02/07/2026  10:58

Сопственик на автомобил во Тетово пријавил оштетување на своето возило, по што полициската истрага открила проектил од непознат калибар.

Според информациите од СВР Тетово, на 1 јули, Е.Д. (48) од гостиварското село Равен пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување на предниот дел од неговото паркирано патничко возило „Рено Каптур“.

По извршениот увид, полициските екипи под возилото, на заштитната маска, пронашле и подигнале проектил од непознат калибар.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до оштетувањето на возилото.