Skip to main content
Хроника

Продолжува потрагата по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

03/01/2025  08:05

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, кое според исказ од роднини, го управувало возилото „ауди“ што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче. Синоќа возилото беше извадено заедно со три мртви тела на женски лица.