Skip to main content
Економија

Продажните цени на индустриските производи во март зголемени за 0,5 проценти на месечно ниво, за 4,4 проценти на годишно

29/04/2026  12:26

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 проценти, а за 4.4 проценти споредено со март минатата година. 

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени  во секторите Преработувачка индустрија за 0.7 проценти и во Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 0.9  проценти, а намалени се во Рударство и вадење камен за 1.5 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 проценти.

Во март 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторите Рударство и вадење камен за 15.7 проценти, во Преработувачка индустрија за 3.6 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.7 проценти и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.4  проценти.